Едните стојат, другите даваат голови (Видео)

Фудбалерите на Тигрес како гости ја победија Веракрус со 3-1, но трите гола ги постигнаа во првите 8 минути од натпреварот, кога домашните стоеја на терен, во знак на простест што не земале плата неколку месеци.

Штрајкот им донесе пораз, а публиката зачудено гледаше што се случува на теренот. Во финишот, Веракрус даде почесен гол преку некогашниот премиерлигашки играч и екс турски репрезентативец Казим Ричардс.

Инаку, во првата минута не сакаа да играат ниту гостите, па и тие стоеја, затоа првиот гол падна „дури“ во трета минута. Ситуацијата во Веракрус е полоша отколку во Тигрес, па затоа Тигрите не стоеја и не му дозвола на противникот да им даде уште неколку гола. Во Веракрус не очекувале дека ривалот ќе им дава голови додека тие стоеја, но на Тигрес поважни им беа трите бода, отколку платата која доцни и кај нив.

- Оглас -

Најнови вести