Едно перфектно полувреме беше доволно за најубедлив триумф на Наполи против Фиорентина (видео)

Наполи ја запиша наубедливата победа против Фиорентина во својата историја со 6-0, освојувајќи ги трите бода уште во првите 45 минути од средбата на „Диего Марадона“ стадионот во Неапол.

Наполитанците приредија перфектното полувреме во кое четирипати се заканија кон голот на Драговски и сите обиди завршија во мрежата на полскиот голман.

Од петтата до 45-тата минута погодуваа Инсиње, Деме, Лозано и Зјелински, за потоа во вториот дел Инсиње со погодок од белата точка зголеми на 5-0.

По тој гол во 72-та минута, Елиф Елмас се појави на теренот и ги одигра последните дваесетина минути од средбата. Во финишот и Политано се запиша во листата стрелци.

Наполи го оствари 11-тиот триумф во Калчото со кој изби на третото место на табелата со 34 бода, додека Фиорентина падна едно место подолу на 14-тата позиција со 18 бода по исто толку натпревари.

- Оглас -

Најнови вести