Едно полувреме и полуфинале во ЛШ за Андонова

Наташа Андонова како резерва го одигра второто полувреме против норвешкиот Квинер, а заедно со клупските колешки од Барселона вечерва се радуваше на нова победа од 1-0 и на пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Првиот меч ѝ припадна на Барселона со 3-0, па без примен гол патува во самата завршница во елитното натпреварување.

Каталонките сега го чекаат подобриот од двомечот меѓу Баерн и Славија Прага, а веројатно противнички за настап во големото финале ќе им бидат фудбалерките од Баварија, кои водат во реваншот со 3-0.

 

- Оглас -

Најнови вести