Едвај дишеше, бојата на кожата му стана сива

Легендарниот турски голман Рушту Речбер го има најголемиот предизвик во животот, а тоа е да го победи опасниот Коронавирус. Рушту, кој е рекордер по бројот на настапи во турската репрезентација, заврши во болница, а за целата ситуација медиумите ја осудија неговата сопруга Исил.

Жената на Рушту неодамна се врати од САД, но не се придржувала на правилото за 14-дневната самоизолација и дека била во фризерски салон. Исил се правдаше дека таа не е виновна и ја објасни целата ситуација.

„Лажат, не сум виновна. Не бев во фризерски салон и не сум јас таа која му го пренесе вирусот на сопругот. Но, тоа не ми е важно, ако сакаат и јавно нека ме линчуваат. Сакам само Рушту да оздрави. Со денови имаше температура, а потоа започнаа и тешките симптоми. Изгуби енергија, го загуби апетитот, а кожата му стана сива! Едвај дишеше и без престан кашлаше. Не можеше ниту да зборува, а отчувувањата на срцето му беа неправилни. Последните три дена беа борба за живот. Навистина беа многу тешки и драматични. Се надевам дека сега ситуацијата ќе оди на подобро. Само сакам мојот сопруг да оздрави“, рече Исил, жената на легендарниот Рушту.

 

- Оглас -

Најнови вести