Оклахома Сити тандер дојде до осмата победа по ред, ја совлада Минесота со 116-103 во реприза на ланското западно финале во НБА-лигата, а Шај Гилџиус-Александер одвај ја продолжи историската рекордна серија од 128 натпревари по ред на кои дава барем 20 поени.
Канадскиот бек на полувреме имаше само 4 поени, а до 20-ка дојде во претпоследната минута, кога погоди шут преку Ентони Едвардс, и тоа под фаул. Шај го погоди и дополнителното слободно фрлање, што беше негов 20-ти поен на мечот на кој имаше и 10 асистенции.
Од синоќешните мечеви за одбележување се и тесната победа на Њујорк од 110-107 над ослабениот Голден стејт, кој има дури девет повредени играчи, меѓу кои и Кари, победата на Торонто над лидерот на Истокот, Детроит, и феноменалната партија на Демар Дерозен (даде 41 поен) во дресот на Сакраменто во триумфот против Јута од 116-111. Дерозен стана вториот играч во историјата на НБА по Џејмс Харден, кој имал 40+ поени и 10+ асистенции на еден меч, по својот 36-ти роденден. Дерозен има 36 години и 220 дена.
CRAZY SHAI AND-1 TO KEEP HIS 20+ POINT STREAK GOING 🚨
128 straight games and counting. pic.twitter.com/VpZXHi9RzK
— NBA (@NBA) March 15, 2026

