Ефектен автогол го одбележа големото германско градско дерби (Видео)

Сент Паули и Хамбургер одиграа нерешено 2:2 во големото градско дерби во втората германска лига. Овие две екипи се на првите две позиции во Цвајте. Сент Паули е прв со 31 бодови, а Хамбургер има 28 поени.

Во синоќешното дерби Сент Паули имаше водство до 2:0 по првите 30 минути, но во вториот дел Хамбургер во првите 15 минути постигна два гола и израмни на 2:2. Од сите четири погодоци, најмногу ќе се памти автоголот на гостинскиот голман Даниел Фернандес.

Португалскиот голман доби повратна топка од свој соиграч, но несмасно реагираше и кога сакаше со силен шут да ја исфрли топката далеку од својот гол, успеа да ја „закова“ во мрежата.

- Оглас -

Најнови вести