Објавата на Манчестер јунајтед дека постигнале договор со Кристијано Роналдо, донесе очекуван позитивен ефект за клубот. Сајтот на клубот привремено беше паднат од големиот наплив, на социјалните мрежи има огромен број на лајкови, а скокнаа и акциите на Јунајтед на берзите.
До овој момент, на Инстаграм има околу 7 милиони лајкови, и јасно е дека до полноќ ќе бидат и над 10 милиони допаѓања. Фановите се во транс, не очекуваа вакво нешто до пред неколку часа. Акциите на Манчестер јунајтед попладнево пораснаа за 8,2 проценти. Допрва се чека голем прилив за клубот од продажба на дресови.

