Викендот што измина ширум Европа донесе ефикасен фудбал во сите првенства кои се играа, а тоа донесе и големи добивки со минимален влог во Sport Life. Редовни играчи во Sport Life со уплата само од 30, односно 50 денари си добија добивки од над 2.000 евра.
СО УПЛАТА ОД ПОЛОВИНА ЕВРО ДО ДОБИВКА ОД 2.600 ЕВРА САМО СО ЕДНА ИГРА
Фантастичен тикет одигра играчот од Куманово, кој успеа да погоди дури 13 натпревари од играта „1-3I&1-3II“, односно да има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме. Уплатата на тикетот беше само 30 денари, а добивката фантастични 157.679 денари. Кумановецот успеа да погоди квоти помеѓу 1.76 и 2.40 на натпревари кои се играа во сабота и недела.
ФАВОРИТИТЕ ОДИГРАА ПО ПЛАНОТ, НО И ЕФИКАСНО, ПА ДОБИВКАТА ОД 2.200 ЕВРА БЕШЕ НЕИЗБЕЖНА
Фаворитите имаа одличен викенд, па добро се вклопија во ефикасниот фудбал, а тоа донесе добивка од 133.242 денари за играч на Sport Life од Штип. Тој до оваа добивка дојде со уплата само од 50 денари, а на тикетот одигра девет натпревари со квоти помеѓу 1.61 и 3.30. Се чини дека клучни за добивката беа пеналот на Килијан Мбапе во 90-тата минута за 0-3 на Реал Мадрид против Ваљадолид, но и победата на Манчестер јунајтед над Фулам и евроголот на Лисандро Мартинес.