Ефикасно коло, денеска сите натпревари во Првата лига завршија со три или повеќе голови

Екипите од Првата фудбалска лига, денеска беа расположени за постигнување голови и сите пет натпревари завршија со ГГ3+.

Највеќе голови беа постигнати на мечот меѓу Победи и Тиквеш на кои славеа гостите со 4:1. На дуелот меѓу Академија Пандев и Силекс беа постигнати четири гола. На дуелот меѓу А. Пандев и Силекс сите голови беа постигнати во првите 18 минути, Пандевци поведоа со два гола во првите шест минути, за Силекс да израмни само 12 минути подоцна.

Останатите четири меча завршија со резултат 2:1.
Во дуелот на новиот и стариот шампион, Струга ТЛ и Шкупи, домаќинот славеше со 2:1. Гостите поведоа со голот на Адетунџи во 28-та минута, а стружани направија пресврт во второто полувреме благодарение на головите на Радески и Ибраими.

На останатите два меча, славеа гостите со 2:1, Брегалница го совлада Скопје, а Шкендија беше подобра од Работнички.
Шкендија со головите на Дориев и Шаља во 51-та и 76-та минута со три бода се враќа во Тетово, додека голот за Работнички беше дело на Рушевиќ во 53-та минута.
И Брегалница од Скопје си заминува со три бода. Головите за штипјани ги постигнаа Ѓорѓиев во 21-та и Ѓокиќ во 85-та минута. Голот за домаќинот беше дело на Хајдари.

 

- Оглас -

Најнови вести