Ефикасно коло во првата македонска лига

Гоце Седлоски со победа дебитираше како тренер на Шкупи, чаирчани победија против Борец со 1-0. Ова беше и единствениот натпревар во колото на кој немаше барем три голови.

Работнички и Македонија Ѓорче Петров одиграа 2-2 во меч на кој сите голови паднаа во првото полувреме. Академија Пандев со три гола во првиот дел од кои два беа пенали, го надигра Вардар со 3-0, а со истиот резултат славеше Шкендија против Беласица и Струга Трим Лум против Пелистер.

Води Шкендија со 65 бода, ја следи Шкупи со 52, Македонија има 48, Струга 44, Работнички 41, Пелистер 35, Академија Пандев 34, Борец 33, Ренова 31, Силекс 29, Вардар 28, а последна е Беласица со 17.

 

- Оглас -

Најнови вести