Египет одигра „фараонско“ второ полувреме против Словенија и оди во четвртфинале

Репрезентацијата на Египет одигра одлично второ полувреме, а нерешените 25-25 им беа доволни за пласман во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет. Словенците го добија првото полувреме со 12-8, но во вторите 30 минути избраниците на Роберто Парондо заиграа многу поефикасно и си обезбедија место меѓу осумте најдобри.

Другиот патник во четвртфинале од групата во која беше и Македонија ќе биде Шведска или Русија. Овие два ривали играат вечерва, со тоа што на Русите им одговара само победа.

- Оглас -

Најнови вести