Египет погоди само еден пенал, Сенегал повторно ги скроти Фараоните и оди на Мундијал

Сенегал ја доби фудбалската драма што траеше речиси три часа во Дијамнијадио и успеа да се пласира на Мундијалот во Катар по подобро изведување на пеналите против Египет.

Садио Мане, повторно како и во февруари во финалето на АФКОН, погоди последен од белата точка и му донесе голема радост на Сенегал.

Во регуларниот дел беше 1:0 во реваншот вечерва, исто како и на првиот меч што го доби Египет, а по продолженијата од 30 минути немаше гол, па се шутираа пенали.

Кулибали и Цис ги промашија првите два пенали за Сенегал, а тоа за Египет го направија и Салах и Зизо, па по две серии немаше погодок од белата точка.

Потоа прв погоди Сар за Сенегал, а возврати Солија, како најава за кулминација на драмата во Дијамнијадио, каде што се играше реваншот.

Диенг погоди за 2:1 за Сенегалците, а за Египет и трет пенал промаши Мостафа Мохамед, па завршниот удар го зададе Мане за триумф на домаќините за пат на Светското првенство во Катар.

Претходно и Гана обезбеди пласман на Мундијалот благодарение на гол повеќе постигнат на гости против Нигерија.

- Оглас -

Најнови вести