Египет приреди спектакуларно шоу на отварањето на ракометното Светско првенство, а потоа во премиерата на Мундијалот го победи Чиле со 35:29.
Честа први да играат на Светското првенство стандардно им припадна на домаќините и овојпат на селекцијата на Чиле, и двете конкуренти на Македонија во првата фаза од шампионатот.
Египет доминираше во текот на целиот меч, а победникот веќе се знаеше по првото полувреме, што им припадна на популарните Фараони со 18:11.
Египет има големи амбиции, а ќе игра со Македонија во второто коло од нашата група на 16 јануари од 18 часот.
Со Чиле ќе играме два дена подоцна, а за нас премиерата е со Шведска, утре во Каиро од 20.30 часот.