Египетски клуб потпиша договор со 74-годишен фудбалер

Ез Ел Дин Бахадер, кој има 74 години, потпиша официјален договор со египетскиот фудбалски третолигаш 6 Октомври и стана најстариот професионален фудбалер на светот. За него дури и 52-годишната легенда Казујоши Миура, кој игра во јапонското првенство, е мало дете.

Бахадер не е познат како Миура, но откако беше регистриран од страна на Египетската федерација како играч на клубот 6 Октомври, стана познат во целиот свет бидејќи веста е необична и им го привлече вниманието на многу медиуми.

Се очекува 74-годишниот фудбалер да настапи на два натпревари за да го урне гинисовиот рекорд кој го држи Исак Хајик, кој лани во април настапи на четвртолигашки меч во Израел на 73-годишна возраст.

Од друга страна, како најмлад играч кој настапил во сениорска конкуренција се води Маурисио Балдивиесо. Тој со 12 години играше на прволигашки меч во Боливија.

- Оглас -

Најнови вести