Египќаните добија нов селектор

Египетската фудбалска асоцијација го наименува Хосам Eл-Бадри за нов селектор на репрезентацијата на оваа земја од северо-источниот дел на Африка.

Ел Бадри го наследува Мексиканецот Хавиер Агире, кој беше разрешен во јули, по поразот од Јужна Африка во осминафиналето на Африканскиот куп на нациите, натпреварување на кое Египет беше домаќин. Ел-Бадри е 59-годишен стручњак, кој тренерската кариера ја почна во 2005 година во клубот Ал-Ахли од Каиро, најпрвин како асистент, а од 2009 до 2010 година ја вршеше функцијата прв тренер на Ал-Ахли.

Има работено и во Судан и Либија, а беше и селектор на египетскиот национален тим за играчи до 23 години. Првите мечеви на клупата на сениорската репрезентација на Египет ќе му бидат во ноември, во квалификациите за Африканското првенство 2021 година. Противници на „фараоните“ ќе бидат Кенија и Того.

Египет пет години немаше домашен селектор, па Федерацијата сега реши да ангажира сонародник на Мохамед Салах.

- Оглас -

Најнови вести