Египќаните ги решија Германците и испишаа историја, си закажаа олимписко полуфинале со Франција

Репрезентацијата на Египет стана првата африканска селекција која се пласирала во полуфинале на олимписки турнир во ракомет за мажи откако ја совладаа Германија со 31-26 во последното четвртфинале. Во историското полуфинале, Фараоните ќе се сретнат со Франција, додека другото полуфинале е Данска – Шпанија.

Египќаните ја немаа победено Германија уште од ЛОИ во Сиднеј во 2000 година, а чекањето од 21 година се исплатеше и во вистински момент триумфираа над Панцерите. На голот на Египет фантастичен беше Хендави, голман кој во минатата сезона бранеше за Еурофарм Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести