Егзодус во Вардар, клубот го напуштија 10-мина фудбалери

Најтрофејниот македонски клуб Вардар соопшти дека ја заврши соработката дури со 10-мина фудбалери.

Екипата ја напуштија: Стојанов, Петковски, Гроздановски, Јованов, Мицевски, Костовски, Пеев, Наумоски, Илиќ и Стојковски.

Тренерот Грнчаров во следната сезона ќе има потполно нов тим во обид да го врати култниот клуб во македонската елита. Инаку во Вардар има едно ново име, тоа е крилниот офанзивец Симеон Христов, кој потпиша договор на една година.

„Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека со играчите Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски е завршена соработката и тие нема да бидат дел од екипата во наредната сезона.
На сите играчи поединечно им се заблагодаруваме за професионалноста и посветеноста, играјќи за клубот и бранејќи ги нашите бои и им посакуваме многу среќа и успех во нивните понатамошни кариери“, стои во соопштението на клубот.
- Оглас -

Најнови вести