Ех, да се сите навивачи вакви, со „дожд“ од играчки ги израдуваа децата од болница (Видео)

Ден Хаг сигурно не е тим кој би се борел за висок пласман во Холандија. Сепак, кога се работи за навивачите, тие ги имаат можеби и најхуманите фанови во Европа. Навивачите на Ден Хаг се познати по тоа што знаат да организираат акции и да донираат голем број на играчки на различни детски организации.

Последниот таков пример се случи неодамна, кога Ден Хаг гостување во Ротердам на Феенорд. Фановите на Ден Хаг знаеја дека на стадионот во секторот под нив, ќе бидат сместени деца од локалната болница. Тоа беше доволно за навивачите на Ден Хаг да направат „дожд од играчки“.

Гостинските навивачи во еден момент фрлија стотици најразлични играчку на трибината каде што беа дечињата, кои се израдуваа и имаа можност да си изберат играчка која им се допаѓа. Ден Хаг загуби со 2:3 на гостувањето, но нивните навивачи се најголемите победници не само на тој меч, туку во досегашниот дел од сезоната во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести