ЕХФ категорично: Нема никакви местенки, македонските судии се чисти!

Данскиот „Спорт ТВ2“ изнесе низа обвинувања за местење ракометни натпревари, а  во извештајот се споменува и македонската судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Македонскиот тандем со години важи како еден од најдобрите во светски рамки и затоа овие обвинувања беа неочекувани.

Данскиот медиум пренесува извештај на „Спортрадар“, познатата фирма за детектирање лажирани натпревари во периодот од 2016 до 2018 година. Станува збор за 26 натпревари, а некои од нив ги суделе Македонците кои се дел и од СП во Шведска и Полска, и имаат делено правда и на Олимписки игри.

Овие пишувања брзо ги демантираше Европската ракометна куќа (ИХФ).

„По добивањето на извештајот во декември 2018 година, Европската ракометна федерација веднаш ја препрати документацијата до надлежните органи, односно Унијата за спортски интегритет, Одделот за организиран криминал, при Федералните криминалистичко разузнавачки служби на Австрија, за да се направат сите потребни истрагите на национално и меѓународно ниво би можеле веднаш да бидат покренати. Според сознанијата на ЕХФ, до денес овие полициски истраги не дале никакви резултати и шпекулациите остануваат недокажани по истрагата. Анализите што тогаш ги направи ЕХФ не дадоа докази што би го оправдале започнување на правна постапка. Во принцип, потенцијалните случаи во согласност со структурата на ЕХФ ги иницира иницијаторот на постапката, независна институција во системот на федерацијата. Судиите не беа суспендирани бидејќи ниту полицијата ниту ЕХФ не ги утврдија причините за такво нешто“, се наведува во соопштението на Европската ракометна куќа.

- Оглас -

Најнови вести