ЕХФ не менува ништо, Ф4 останува во Келн до 2024

Европската ракометна федерација одлучи градот Келн и „Ланксес арената“ да бидат местото на одигрување на фанјал фор турнирите во Лигата на шампионите за мажи до 2024 година. Стариот договор на ЕХФ со Келн беше до 2020 година, а продолжен е за уште четири години.

Првиот завршен турнир во ЛШ се одржа во 2010 година, а македонскиот првак Вардар годинава и лани беше дел од големиот настан и еднаш ја освои титулата. Наредниот фајнал фор, кој ќе биде јубилеен, десетти, е закажан за први и втори јуни 2019.

„Секој топ ракометар сонув даа игра во Келн, овој град е посебно место за сите во европскиот ракомет. Фајнал фор турнирите се настани кои секој љубител на ракометот сака да ги посети, а Келн е местото каде што секоја година гледаме кој е кој во нашиот спорт. Градот има перфектни услови за организација, салата е една од најубавите, ако не и најубавата ракометна арена во Европа, па и 15-тиот фајнал фор ќе се игра таму“, изјави првиот човек на ЕХФ, Михаел Видерер.

 

- Оглас -

Најнови вести