ЕХФ планира правило со кое секој нареден што ќе биде позитивен, ќе ја пропушта првата фаза на ЕП

Претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка може да биде осакатено со неиграњето на многумина ракометари ако навистина Европската федерација, ЕХФ, донесе правило со кое „на ракометарот што имал позитивен тест ќе му дозволи настап на континенталниот собир најмалку 14 дена по добивањето на резултатот“.

Според шведските медиуми, ЕХФ наводно ја информирала Шведската федерација за ова правило. Ова би било катастрофа за сите репрезентации кои веќе имаат заразени ракометари бидејќи до стартот на ЕП има помалку од две недели.

Кај нашиот прв противник, Словенија, заразен со корона е голманот Урбан Лесјак и тој со правилото не би можел да брани против Македонија, а и Црногорците би играле против Македонија без четворицата позитивни од вчерашното и денешното тестирање. Во нашата репрезентација засега нема позитивни, а до првиот меч со Словенија остануваат уште три тестирања, на 7, 10 и 13 јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести