14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

ЕХФ со информација за навивачите од Македонија кои планираат да патуваат во Дебрецин на ракометното ЕП

Европската ракометна федерација објави информација околу протоколите за сите заинтересирани фанови кои ќе сакаат да бидат дел од ракометното ЕП кое во јануари ќе се игра во Унгарија и Словачка.

Македонската репрезентација на 13-ти, 15-ти и 17-ти јануари ќе игра во унгарскиот град Дебрецин. Според мерките во Унгарија кои не се многу строги, нема лимитирање на посетата и ќе биде дозволена полна сала.

За гледач да влезе на трибините, потребно ќе биде да е целосно вакциниран и да поседува сертификат за имунизација, или да се има потврда за прележаност. Треттаа опција е да приложи ПЦР-тест не постар од 72 часа.

Секој гледач кој е на возраст над шест години задолжително ќе мора да носи маска за време на целиот натпревар и да му бидат покриени устата и носот.

- Оглас -

Најнови вести