ЕХФ треба да го испита случајот: Сомнителен е мечот Шпанија – Германија од женското ЕП (Видео)

Натпреварот помеѓу Шпанија и Германија од ракометното Европско првенство за жени предизвика доста контроверзии, а штетата ја претрпе репрезентацијата на Полска, која испадна по сомнителната завршница на овој меч во Подгорица.

На Шпанките им требаше победа од точно два гола разлика за да одат понатаму и тие и Германија, а да испадне Полска. Ако Полска се пласира во следната фаза, Шпанија немаше да пренесе бодови.

Во последната минута, при водство на Шпанија од три гола разлика, Германија направи пробивање, а тоа не ѝ одговараше на Црвената фурија, па Џенифер Гутиерез ја фрли топката далеку во аут и им даде нова шанса на Германките да дадат гол кој ќе ги однесе во следната фаза, а Шпанија да пренесе два бода.

Германија ја искористи лабавата одбрана на Шпанија и даде гол за 21-23, што беше и конечен резултат. Ако Гутиерез дадеше гол, Шпанија немаше да пренесе бодови во втората рунда и затоа нејзиниот лош шут ги подгреа шпекулациите дека намерно фрли толку силно за да не даде гол.

Ова е втор скандал на ЕП, после шпиниорањето на Србинките од страна на Словенија.

Погледнете го финишот на мечот Германија – Шпанија:

- Оглас -

Најнови вести