Еибар беше трагичар на сезоната во Сегунда, ги разбуди Акече со страшен гол против Жирона (Видео)

Еибар беше екипата трагичар во финишот на сезоната во Втората шпанска лига и со поразот во последното коло од фенерџијата и веќе испаднатиот Алкоркон загуби сигурен пласман во Ла Лига.

Вечерва насмевките во таборот на екипата од Баскија ги врати Агер Акече со страотен гол, еден од најубавите сезонава во Шпанија.

Играчот за врска испали неверојатен проектил од над 35 метри, а топката во интересна траекторија заврши во десниот агол на голот на Жирона.

Girona 0-1 Eibar – Ager Aketxe. La Liga promotion play-offs semifinals. from soccer

Со евроголот на Акече што може комотно да кокурира за наградата „Пушкаш“, Еибар ја победи Жирона на гости во првото плејоф полуфинале во популарната Сегунда.

Баскијците имаат убава предност за реваншот, а во финалето победникот од овој двомеч ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу Тенерифе и Лас Палмас.

Тенерифе победи дома со 1:0 иќе патува на реваншот со предност, а само конечниот победник во плејофот ќе игра во Ла Лига следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести