Со победата на гостувањето кај Петровец од 4-0, екипата на Илинден продолжи да врши притисок врз Марино кој по триумфот 2-1 над Бујковци остана првопласиран на табелата во четвртиот ранг во македонскиот фудбал, во лигата на ОФС Гази Баба.
Павел Ангеловски, Кристијан Илиевски, Антонио Василев и Пепи Трајчевски беа стрелци на головите за Илинденците во денешната победа.

