Економично – Сампдорија купи 35-годишен поранешен репрезентативец на Италија со договор до јуни

Себастијан Џовинко се врати во Серија А и до крајот на сезоната ќе игра за Сампдорија.

Некогашниот италијански репрезентативец со 23 настапи за Аѕурите пристигна во редовите на калчолигашот од Ал-Хилал и потпиша договор до јуни годинава.

Џовинко има 35 години и по пауза од 7 години, пак ќе игра во Серија А. Кариерата ја почна во Јувентус и беше еден од најталентираните играчи во неговата генерација.

За Старата дама одигра околу 100 натпревари, а двапати беше и позајмуван, по еднаш во Емполи и во Парма.

Џовинко потоа се пресели во МЛС-лигата во Торонто, па играше и за Ал-Хилал, а од лани беше слободен агент сè до потписот со Сампдорија, екипа за која ќе игра до крајот на сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести