Некогашниот судија Карлос Чандија кој беше со знакот на ФИФА, призна дека на еден натпревар не му покажал жолт картон на Лионел Меси, а како награда, Аргентинецот му го подарил својот дрес на арбитерот.
Според кажувањата на Чандија, тоа се случило во полуфиналето на Копа Америка во 2007 година. Меси бил под закана дека ако добие жолт картон во полуфиналето против Мексико, да го пропушти финалниот дуел против Бразил.
Аргентина лесно со 3:0 го победи Мексико, а стрелци на головите беа Габриел Хајнце, Хуан Роман Рикелме и Меси. На тој меч имало ситуација во која Меси требало да добие жолт картон, што ќе значело дека нема да игра во финалето, но судијата „му прогледал низ прсти“ и тоа во замена за да го добие дресот од Лео.
„Од никаде Меси играше со рака на средината од игралиштето. Немаше никаква опасност по голот на Аргентина и тогаш му реков дека нема да му покажам жолт картон, но по мечот да ми го даде дресот. Аргентина водеше и со 3:0 беше решен дуелот, но ако му покажев жолт картон, немаше да игра во финалето. По средбата, Меси дојде до мене и сакаше да ми го подари дресот. Му реков дека нема тоа да го направи додека сме на терен, туку да го однесе во мојата соблекувална. Дојде, ми го донесе дресот и тоа нема никогаш да го заборавам“, открива арбитерот за тоа што се случило пред 17 години.
IMPERDIBLE CONFESIÓN: 17 años después, el chileno Carlos Chandía contó que "ayudó" a Leo Messi para que pueda estar en la final de la Copa América 2007… ¡No le sacó la segunda amarilla a cambio de su camiseta! Eso le terminaría costando no ser el árbitro de la definición. pic.twitter.com/tyosaQ8156
— SportsCenter (@SC_ESPN) September 19, 2024
Тој меч е во почетокот на кариерата на Меси, кој сега веќе има 187 настапи за Аргентина во кои постигна 109 голови, а има и 58 асистенции. Меси ја предводеше својата репрезентација и до титула на Копа Америка, но и на тронот на Светското првенство во Катар пред две години.