Екс германски репрезентативец може да заработи 500.000 евра на покер

Некогашниот германски репрезентативец и член на Вердер, Макс Крусе, веднаш по завршување на сезоната реши да се посвети на неговата пасија, а тоа е играњето покер. Крусе замина во Лас Вегас, каде е дел од покер турнирите.

Ова не е прв пат тој да оди во Лас Вегас и да биде дел од ваквите игри. Пред три години, Крусе освои 75.000 евра на покер турнир, но тие пари ги заборавил во такси. Бидејќи во САД заминал без дозвола на клубот, Крусе беше казнет од неговиот тогашен клуб Волфсбург со 25.000 евра, што значи дека загубил вкупно 100.000 евра.

И порај тоа лоши искуство, фудбалерот и сега е во Лас Вегас на турнир и му оди одлично. Како аматер успеа да влезе во финале на турнирот што му донесе 120.000 евра. Утре е големото финале, а доколку Крусе успее да победи, ќе заработи 500.000 евра играјќи покер.

- Оглас -

Најнови вести