Поранешната шпанска тенисерка, Аранча Санчес Викарио и нејзиниот поранешен сопруг, Жосеп Сантакана, се прогласени за виновни за измама, соопшти денеска судот во Барселона.
Судот утврди дека Санчес Викарио и нејзиниот поранешен сопруг не го пријавиле целиот имот кој го поседувале во обид да избегнат плаќање на долг од неколку милиони евра кон банка во Луксембург.
Санчес Викарио е осудена на четири години затвор, но таа сепак ќе избегне отслужување на казната бидејќи првпат во животот е обвинета за казнено дело и минатата година се договори со обвинителството да ги признание обвиненијата во замена за помала казна.
Жосеп Сантакана доби затворска казна од три години и три месеци, а поранешните сопружници ќе мора да платат казна во висина од 6,6 милиони евра.
Аранча Санчес Викарио во кариерата има освоено 29 титули, од кои четири се од гранслем-турнирите. Таа трипати победи на Ролан Гарос и еднаш на САД опен.

                                    