Поранешен играч на Арсенал, „потпиша“ три и пол години за во затвор!

Тајрел Робинсон (23 години), поранешниот фудбалер на Арсенал и на Брадфорд, доби три и пол годишна затворска казна поради секс со малолетна девојка. Робинсон, кој беше дел од младинската школа на Арсенал, никогаш не доби шанса да заигра за сениорскиот тим на Топчиите, па направи трансфер во Брадфорд.

Откако се дозна дека Робинсон е обвинет за педофилија, третолигашот му даде отказ. Судот неодамна донесе одлука дека фудбалерот е виновен и дека поради сексот со малолетна девојка, ќе мора да помине три и пол години во затвор.

Дејството се случило кога Робинсон една вечер во својот стан донел три малолетни девојчиња кои имале по 14 години. Прво сите пиеле алкохол, а потоа Робинсон со едно од девојчињата завршил во својата соба и имале секс. Неговиот цимер Кори Берман завршил со останатите две девојчиња, па затоа затворската казна за него е шест години.

„Вети ми дека нема ништо да кажаш“, подоцна Робинсон ѝ напишал порака на девојчето. Двајцата дури и се фотографирале за време на сексот, па Судот имаше цврсти докази за тоа што се случило. Робинсон потврдил пред Судот дека знаел колку години има девојчето со коешто спиел.

Ова не е прв случај во Англија каде што фудбалер имал секс со малолетна девојка и е осуден за педофилија. Пред неколку години, поранешниот англиски репрезентативец Адам Џонсон заврши во затвор откако беше осуден за педофилија. Џонсон тогаш призна дека бакнувал и допирал една 15-годишна ученичка, но дека не знаел колку години точно има.

Џонсон немал секс со малолетничката, но беше осуден на шест години затвор поради делото што го направил. Откако отслужи половина од казната, некогашниот фудбалер беше пуштен на слобода во март 2019 година.  

 

- Оглас -

Најнови вести