Екс играч на Шалке „загинал“ до 2016 година, а сега тврдат дека е жив и здрав!?

Јаник Камба, некогашниот талент на Шалке 04, во младинските категории на клубот тренирал заедно со Мануел Нојер. Сепак, за разлика од сега прославениот голман, Камба не успеа да се пробие на големата фудбалска сцена.

Во 2016 година се појавија информации дека поранешниот играч на Шалке загинал во сообраќајна несреќа во родната земја Конго. Сепак, сега весникот „Билд“ изнесува тврдења дека Камба не само што не е мртов туку тој нормално живее и функционира во Германија. Весникот тврди дека Кемба ја лажирал сопствената смрт за да може да се добијат пари од осигурителната компанија.

„Смртта е лажирана да за може да се исплати сумата од осигурувањето. Тој бил прогласен за мртов во Конго“, стои во пишувањата на „Билд“.

Жената на Кемба, со која има едно дете, тогаш добила шестоцифрена сума пари. Неодамна е откриено дека Кемба живее и работи во рурската област, и тоа како енергетски техничар во една компанија.

 

- Оглас -

Најнови вести