Ексиграч на Тотенхем и Портсмут загина во бродска несреќа во Мајами

Дефанзивецот Ентон Вокс, кој беше дел од тимот на Шарлот во МЛС во САД, загина во бродска несреќа. Трагедијата се случила додека фудбалерот бил со тимот на 12-дневни подготовки во Мајами.

Фудбалерот бил дел од несреќата, во која се судриле два брода во марината во Мајами, а Вокс бил тешко повреден. Веднаш му била укажана прва помош, бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот. Имаше само 25 години.

Англискиот фудбалер кариерата ја започна во тимот на Тотенхем, каде што ги помина тинејџерските денови, а имаше само еден настап за сениорскиот тим. Како позајмен играч беше дел од Атланта јунајтед во МЛС, а потоа се врати во Англија и две и пол години помина во тимот на Портсмут. Во 2020 година повторно се врати во САД, во екипата на Атланта, а минатата сезона потпиша за Шарлот, каде што одигра вкупно 24 средби, сè до кобната несреќа.

- Оглас -

Најнови вести