Некогашниот француски офанзивен фудбалер Антони Ле Талек беше сведок на хорор-нападот кој претпладнево се случи на југот на Франција. Непознат напаѓач со нож повреди осум деца, од кои неколку се во критична состојба.
Поранешниот играч на Ливерпул бил на самото место и снимил дел од ужасот, а потоа раскажа што се случило.
„Бев покрај езерото кога десетина луѓе почнаа да трчаат во спротивна насока од мене. Прашав што се случува и некој ми рече да бегам затоа што има човек кој напаѓа со нож“, раскажува Ле Талек, кој открива дека луѓето врескале „Уби некои деца, бегајте“.
Ле Талек потоа вели дека го видел напаѓачот.
„Видов како човек бега и го бркаат 5-10 полицајци. Се обидуваа да го фатат. Потоа видов деца како лежат на земја. Некои од нив беа повредени. Вистински ужас“, додава Ле Талек.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) June 8, 2023
Во паркот блиску до езерото, вооружениот напаѓач со нож нападнал група деца кои имале околу три години. Според полицијата, повредени се осум деца и еден возрасен, а три деца се наоѓаат во животна опасност.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) June 8, 2023
Се верува дека напаѓачот е сириски барател на азил.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) June 8, 2023