Екс-југословенска легенда станува селектор на Црна Гора?

Босанскиот стручњак Фарук Хаџибегиќ (61) е главен кандидат за преземање на функцијата селектор на Црна Гора, потврди претседателот на црногорската фудбалска федерација, Дејан Савичевиќ.

„Хаџибегиќ е меѓу најсериозните кандидати. Има уште неколку кандидати, тоа се тренери кои немаат клупски ангажман. На Црна Гора ѝ треба докажан стручњак кој нема јазична бариера и лесно може да комуницира со играчите. Немам ништо против селектор од некоја подалечна земја, но услов е да го знае нашиот јазик“ – рече Савичевиќ.

Хаџибегиќ кој заедно со Савичевиќ играа за репрезентацијата на Југославија на Мундијалот во 1990 година, има работено како селектор на БиХ, а последен клупски ангажман му беше во францускиот второлигаш Ред Стар, со кој се раздели во март. Црногорците немаат селектор откако на почетокот на месецов Србинот Љубиша Тумбаковиќ одби да го води тимот против Косово.

 

- Оглас -

Најнови вести