Поранешен српски репрезентативец уапсен како дел од бандата со 115 килограми дрога

Некогашниот српски фудбалер Душан Петковиќ е уапсен во Холандија како дел од бандата која сакала да прошверцува дури 115 килограми дрога. Се работи за хероин, а покрај Петковиќ, биле уапсени уште неколку луѓе, пренесуваат многу медиуми од соседството.

Во акцијата која била во корелација меѓу холандската и српската полиција, но и со помош на американската ДЕА, група криминалци биле фатени откако ја истовариле дрогата на пристаништето во Ротердам, а потоа ја пренеле во еден мал француски град, каде што биле и уапсени. Конечната нејзина дестинација требало да биде Лондон.

Во целата криминална акција била користена фирма за препродавање бетонски плочи. Најпрво биле купувани такви плочи од Луксембург, потоа се вршела замена на тие плочи со бетонски плочи направени во хангари во Белгија, каде што и се криела дрогата.

Душан е син на некогашниот српски селектор Илија Петковиќ, кој почина пред две години.

 

- Оглас -

Најнови вести