Екстренер на Меси смета дека Роналдо сè уште е најдобриот фудбалер на светот

Пред три дена Ал-Наср го победи Ал-Духаил со 4-3 во Лигата на шампионите на Азија, а јунак на средбата беше Кристијано Роналдо со два гола, по што тренерот на катарскиот тим, Кристоф Галтие, даде голем комплимент за Португалецот.

За Галтие, кој во минатата сезона го тренираше Лионел Меси во Пари Сен Жермен, 38-годишниот Роналдо е најдобар светски фудбалер.

„Кога Роналдо игра против вас, не можете многу да направите. Даде два убави гола. Немам зборови со кои може да го опишам овој играч. Прави нешто неверојатно за 38-годишен фудбалер. Тој сè уште е најдобар играч на светот“, рече Галтие.

Кристијано Роналдо на 13 меча сезонава во сите натпреварувања има 14 гола и 7 асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести