(Видео) Екс-вардарецот Којашевиќ со бомба го крена Никшиќ на нозе, Сутјеска го елиминира Слован

Дамир Којашевиќ постигна ретко убав гол и тоа во последните моменти од реванш дуелот меѓу Сутјеска и Слован Братислава во квалификациите за ЛШ, што беше спас за црногорскиот претставник, кој потоа победи на пенали.

Којашевиќ упати вистинска бомба од 30-на метри, а проектилот заврши зад немоќниот Грејф, кој не успеа да стори ништо, па мораа да се играат продолженија.

Вторпат Никшиќ експлодира по утката на Словенецот Андраж Шпорар во петтата серија од пеналите, што и донесе на Сутјеска пласман понатаму. Двата дуели во регуларен дел завршија идентично, со реми 1:1.

Во следната фаза по денешните мечеви се пласираа и Дандалк, АИК, Карабах, Розенборг, Ференцварош, Клуж, Бате Борисов, Марибор и Селтик.

- Оглас -

Најнови вести