Ексклузивни снимки, еве како младите ракометари го славеа успехот на СП! (Видео)

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 19 години, после победата над Чешка, заслужи да се радува на деветтото место на Светското првенство во Хрватска. Веднаш по завршувањето на мечот, ракометарите се фрлија во прегратки и прославуваа.

Следуваше позирање со македонското знаме, а беа поздравени и оние малубројни фанови кои беа со нив и им беа како ветер во грб цело време за време на Мундијалот.

Оваа генерација предводена од селекторот Раде Стојановиќ и помошниците, покажаа како треба да се игра за Македонија и најавуваат светла иднина за нашиот репрезентативен ракомет.

 

- Оглас -

Најнови вести