Експерт на Спортска прогноза погоди 11 парови, беше многу блиску до Среќна 13-ка

Видан С. е прогнозерот кој успеа да погоди 11 од понудените 13 парови во 22. коло на Спортска прогноза и на тој начин да си заработи вредносен ваучер од 500 денари во Sport Life. Малку фалеше Видан да биде првиот експерт со перфектно одиграно коло, односно погодена Среќна 13-ка.

Единствените два пара на кои ги промаши фиксовите беа Болоња – Лацио каде немаше погодоци, а Видан очекуваше триумф на гостите, како и киксот на Вест хем на свој терен во Лондон против Астон вила, па наместо планираниот „кец“, на крајот средбата заврши нерешено 1:1.

Дури четворица прогнозери имаа по 10 погодоци во ова коло и беа блиску до освојување на ваучер од Sport Life.

Новото коло на Спортска прогноза ќе започне утре во 14 часот, а подароците кои се нудат за секое коло се добро познати.

ПОДАРОЦИ ЗА СЕКОЕ КОЛО

– Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X)
– Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари.
– Прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести