Експерт за јужноамерикански фудбал, од четири меча до добитен коефициент од 4.119

Полноќните возбудувања во јужноамериканскиот фудбал на еден обложувач во Струга му донесоа одлична добивка. Само со четири одиграни меча и вложени минимални 20 денари, добивката е 82.392 денари, што значи дека успеал да погоди вкупен коефициент од 4.119.

Сите четири погодени меча се одиграни на ист принцип – да биде нерешено на полувреме, а на крајот да слави еден од двата тима, но во меч на кој ќе нема повеќе од два гола. Квотите на четирите меча кои се погодени се движат од 7.25 до 9.50.

Во бразилската втора лига, Спорт Ресифе со гол во 81-вата минута го победи Итуано. Во Судамерикана, Сеара од Бразил со 2:0 победи на гости во Парагвај кај Генерал Кабалјеро, и двата погодоци беа во второто полувреме.

Во Копа Либертадорес, аргентинскиот Естудијантес со 2:0 беше подобар од Брагатино од Бразил откако на полувреме немаше погодоци. Домашниот терен во Копа Либертадорес го искористи и Либертад од Парагвај, кој со 1:0 славеше над Атлетико од Бразил со гол постигнат во 57-мата минута.

Едноставен тикет за маестрална добивка.

- Оглас -

Најнови вести