Експерт за НБА од Трубарево доби и бонус за десетте погодени игри, „страшен“ добитен тикет во „Скопјанка“

Уплаќањето на тикети во Sport Life им донесе голема среќа на двајца обложувачи од Скопје и скопско.

Во објект на Sport Life во Трубарево, со уплата од 100 денари, еден играч има добивка од 58.181 денари, а ќарот е збогатен и благодарение на бонусот од 5.289 денари.

На тикетот има десет погодени игри од седмиот меч во финалето на Истокот во НБА-лигата. Овој експерт за НБА-кошарка погодил дека Адебајо, Батлер, Смарт и Оладипо ќе дадат повеќе поени од хендикеп границата, а Такер, Браун и Тејтум помалку поени. Другите три погодоци му се на број на скокови, за Адебајо, Батлер и Тејтум, сите беа во плус.

ГОЛ ВО 93-ТА МИНУТА НАЈАВИ ДОБИВКА ОД 280.500 ДЕНАРИ

Саботата беше среќна за еден храбар обложувач кој на тикет уплатил 200 денари во објект на Sport Life во трговскиот центар „Скопјанка“ во општина Аеродром. Добивката му е дури 280.500 денари, иако погодил само три меча.

На тикетот има три фудбалски мечеви, но сите игри се со ептен големи квоти. За Ливерпул – Реал Мадрид погодено е Х-2 и 0–2 гола, а за дуелите од втората шпанска лига: Аморебиета – Понферадина и Луго – Малага Х-1 и 0-2 гола. Очигледно станува збор за добар познавач на шпанскиот фудбал.

Како што е познато, Реал на полувреме имаше нерешен резултат, а на крајот го победи Ливерпул со 1-0 и последниот судиски свиреж значеше добитен тикет. Претходно и другите два меча завршија со по 1-0, со тоа што победуваа домашните, а Аморебиета победничкиот гол го постигна во 93-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести