Експертите се познаваат на дерби мечевите – играјте Спортска прогноза и добијте „iPhone XS“

Денеска започнуваат возбудувањата од третото коло од втората сезона на Спортска прогноза. Ако не сте прогнозирале, шанса имате тоа да го направите до 16 часот за кога е закажан стартот на првиот меч од понудата, Барнли – Норвич. Освен оваа средба од Премиер лигата, во понудата се уште 12 парови од Топ лигите во Европа, плус два резервни пара.

Ова коло е како создадено за љубителите на дерби дуелите. На понудата за прогнозирање ги има мечевите: ПСВ Ајндховен – Ајакс, Челзи – Ливерпул, Партизан – Црвена ѕвезда, Севилја – Реал Мадрид, Лион – ПСЖ, како и уште неколку возбудливи средби.

Тоа што е најважно е дека играњето Спортска прогноза е сосема бесплатно, а на крајот од колото, ако сте доволно успешни може да добиете вредни добивки. За погодена „Среќна-13ка“, следува мобилен телефон „iPhone XS“. Еден промашен пар носи ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за ваучер од 500 денари, потребно е да имате 11-ка.

За да бидете дел од Спортска прогноза единствено што треба е да имате клуб картичка од Sport Life. Со таа СЛ картичка се логирате на вашиот акаунт на Sport Life Спортска прогноза и ги давата вашите типови.

Не чекајте многу, бидете дел од третото коло на Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести