Експресна измена за полуфиналните дуели во Италијанскиот куп

Многу важна измена на правилата се подготвува во Италија и ако биде прифатена, ќе биде експресно спроведена за полуфиналните реванш-дуели во Купот меѓу Јувентус и Милан во петок и меѓу Наполи и Интер што ќе се игра во сабота.

Најавено е дека веднаш по регуларниот дел, ако вкупниот резултат во двата двомечи биде израмнет, нема да се играат продолженија од двапати по 15 минути, туку веднаш ќе се изведуваат пенали.

До првиот полуфинален реванш и прв меч во Италија по пауза од три месеци, има уште четири дена, а се очекува одлуката да ја прифатат и полуфиналистите.

Јувентус во Торино во петок од 20.45 часот ќе му биде домаќин на Милан, а првиот меч во Милано заврши нерешено 1:1. Идниот ден во истиот термин, Елиф Елмас и неговите соиграчи од Наполи ќе му бидат домаќини на Интер, а ќе почнат со предност од 1:0 од првиот меч.

Финалето е закажано за 17 јуни на „Олимпико“ во Рим.

 

 

- Оглас -

Најнови вести