Јувентус ќе го нападне Милан без Игуаин, Росонерите ќе возвратат без Ибрахимовиќ

Јувентус ќе игра без Гонзало Игуаин против Милан во петок од 20.45 часот, во реванш-полуфиналето на Италијанскиот куп, но и гостите од Милано ќе бидат драстично ослабени и без првата игла во нападот, Златан Ибрахимовиќ.

Вакви се најавите од Чизмата, а причината за отсуството на двајцата асови, кои се задолжени за постигнување голови, е позната.

Игуаин меѓу последните странци му се приклучи на Јувентус по долгата пауза поради ковид-19 и има вишок килограми по престојот во Аргентина.

Ибрахимовиќ, за кого се најавуваше дека е можно дури и да ја заврши кариерата пред да продолжи сезоната во Италија, има мака со Ахиловата тетива, па нема да биде подготвен за настап во премиерниот фудбалски меч на Чизмата по пауза подолга од три месеци.

Првиот меч во Милано заврши нерешено, 1:1, а победникот од овој двомеч ќе игра за пехарот во финалето со подобриот од двомечот меѓу Наполи и Интер.

Во Неапол во сабота, во истиот термин од 20.45 часот, Елиф Елмас и неговите соиграчи од Наполи ќе го почнат реваншот против Интер со предност од 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести