Ел Гази и Траоре ги прегазија надежите на Биг Сем за победнички старт во ВБА

Сем Алардајс ќе има многу проблеми да го спаси Вест Бромвич албион од испаѓање од Премиер лигата, а дебито на клупата на популарните Багис му беше кошмарно и со убедлив пораз од градскиот ривал Астон вила.

Биг Сем, како што го нарекуваат Алардајс, во Англија немаше рецепт за успех во големото дерби на Бирмингам. Стартот на клупата на ВБА му го загорчија двајцата Африканци Ел Гази и Траоре, кои беа стрелци на сите три гола во победата на Вила од 3:0.

Египќанецот најави тешки денови за новиот менаџер на ВБА со гол во петтата минута, а потоа и ја заврши приказната со гол од пенал во финишот на мечот.

Стрелец на еден погодок за Астон вила беше Бертранд Траоре, а и недисциплината во редовите на ВБА му помогна на ривалот да слави убедлива победа.

Во 34-тата минута беше исклучен Џек Ливермор, па домаќините со играч помалку беа инфериорни на теренот и го претрпеа деветтиот пораз во 14-тиот меч во новата сезона во Премиер лигата. Со 7 бода се претпоследни, само пред фенерџијата Шефилд јунајтед со два бода.

Астон вила се израмни со Челзи на осмото место со 22 бода од 12 натпревари.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести