Ел Гази продолжи да гази, Челзи повторно се лизна

Челзи и Астон вила одиграа 1-1 во последниот денешен натпревар во Премиер лигата, што за Сините е продолжување на лошиот период, а фудбалерот на гостите Анвар Ел Гази го има најуспешниот месец во кариерата.

Анвар Ел Гази сега има пет гола на последните пет меча во Премиер лигата, а претходно тој на 37 средби имаше четири погодоци. Ел Гази заедно со Мохамед Салах од Ливерпул се најефикасни играчи во Премиер лигата во декември со по пет гола.

Челзи водеше по првото полвреме со гол на Оливие Жиру. Французинот во Премиер лигата има дадено 32 гола со глава, ниту еден друг фудбалер нема толку многу од 2012 наваму, откако Жиру првпат заигра во Англија. Жиру е прв стрелец на Челзи сезонава ако се сметаат головите во сите натпреварувања (во просек дава гол на секои 66 минути), а има 9 гола на последните седум дуели против Астон вила.

Сините имаа серија од шест победи по ред во премиерлигашките мечеви против Вила. Тимот од Бирмингам сезонава е опасен гостин, но против традицијата не се може, тие девет години не победиле на „Стемфорд бриџ“.

- Оглас -

Најнови вести