Ел Класико архива: Незаборавниот дебакл на „Бернабеу“ се случи пред 11 години (видео)

Сите навивачи на Барселона слатко ја паметат големата победа, а срамот уште го чувствуваат фановите на Реал Мадрид. Пред точно 11 години Каталонците предводени од Пеп Гвардиола ги прегазија Кралевите среде Мадрид, триумфирајќи со неверојатни 6-2 на „Сантијаго Бернабеу“ во епското „Ел Класико“.

Тешко дека некој можеше да предвиди вакво понижување ако се знае дека Реал прв го отвори резултатот преку Игуаин во 14-тата минута, но водството набрзо го анулира Анри. Пред финишот на првото полувреме Пујол и Меси погодуваа за пресврт, а надеж на домаќините им донесе Рамос со погодокот за 3-2. Сепак, за потопот се погрижија Анри и Меси, а конечните 6-2 ги постави Пике во 82-та минута.

Барселона на тој начин ја потврди фантастичната сезона во која ја покори Европа и Шпанија, а за тројната круна го освои и шпанскиот Куп.

- Оглас -

Најнови вести