Ел Мунир ќе оди на операција по ударот во глава кој го доби од Ибра

Фудбалерот на Лос Анџелес, Мохамед ел Мунир, кој при еден воздушен дуел беше удрен со лакт од Златан Ибрахимовиќ, ќе мора да оди на операција на зигоматичната коска во слепоочницата.

Левиот бек има фрактура, што се гледа и на фотографиите кои се направени пред да му биде извршен хируршкиот зафат од специјалист за повреди во областа на лицето.

Ибрахимовиќ не беше казнет на мечот со картон за овој прекршок, но од МЛС-лигата најавија дека дисциплинскиот комитет ќе го разгледа моментот кога Швеѓанецот го удри 27-годишниот Ел Мунир и ако утврдат намера, Златан би можел да добие казна и суспензија.

https://twitter.com/i/status/1153185079092342784

- Оглас -

Најнови вести