Елче се самоуништи, водеше со 2:0, но доби два црвени картони за две минути, направи три пенали и загуби!

Фудбалерите на Бетис во неверојатен натпревар од 23-то коло во Ла лига, славеа со 3:2 на гостувањето кај Елче.

Домашниот тим е сам виновен за поразот бидејќи имаше водство од 2:0 по првото полувреме, а на крајот загуби со гол од пенал постигнат во 95-та минута, а згора на тоа остана и со двајца играчи помалку.

Елче одлично го започна натпреварот и по само девет минути игра водеше со 2:0 благодарение на головите на Фидел од пенал во седмата и на Лукас Боје.

Но, во второто полувреме, за само две минути, Елче се самоуништи.

Магалјан во 57-та минута доби директен црвен каротн, што предизвика големо негодување кај стручниот штаб и играчите на домашниот тим, па црвен картон надвор од теренот доби и Папе Чеик.

https://twitter.com/hfworld_/status/1629242313544179712?s=20

Иглесијас во 65-та минута го реализира пеналот, а само три минути подоцна Бетис преку Миранда го израмни резултатот. Во финишот, Бетис доби уште еден пенал, но Иглесијас во 89-та минута не беше прецизен. Сепак, во петтата минута од судиското продолжение, Бетис доби уште еден пенал, а овој пат Вилијан Жозе ја презеде одговорноста и донесе триумф и три бода за гостите.

- Оглас -

Најнови вести