Електрични 30 минути на „Меаца“: Возврати Лукаку (видео)

По триминутното шоу на Златан Ибрахимовиќ, Ромелу Лукаку возврати на другата страна, па така Интер по половина час игра намали на 1-2 во градското дерби против Милан.

Белгискиот голгетер го дочека проигрувањето од Перишиќ и без проблем ја затресе празната мрежа оставена од Донарума. Цели 11 години Интер и Милан не биле толку ефикасни во едно полувреме, последен пат во август 2009 година три гола се паднаа по 45 минути од дербито на Милано, кое припадна на Интер со конечни 4-0.

https://twitter.com/CompsInter/status/1317503962854150145

- Оглас -

Најнови вести